Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир
Од почетокот на оваа година во тие конфликти од израелски оган загинаа 32 Палестинци, многумина беа вооружени, но загинаа и цивили кои не беа вклучени во конфликтите.
„Од почетокот на годината, десетици Палестинци се убиени во судирите со израелската армија. Апелирам до двете влади и меѓународната заедница да најдат друг начин без одлагање, вклучувајќи дијалог и вистинска потрага по мир“, рече папата Франциск, додавајќи дека со големо жалење ги примил вестите што доаѓаат од Светата земја.


















