Екологија

Оџаклиеска на средба со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион

По повод изработката на Просторен план на Република Северна Македонија, заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денес оствари координативна средба со градоначалниците од Пелагонискиот плански регион.
Истакнувајќи дека при креирање на просторниот план на национално ниво се земаат во предвид и политиките на регионите и општините, заменик министерката Оџаклиеска рече дека разбирањето на потребите и просторниот потенцијал на планските региони ќе овозможи реално претставување на состојбите на терен и креирање на одржливи плански решенија,
– Само преку блиска соработка меѓу планските региони и општините кои во рамки на сопствените стратегии и планови ги изразуваат своите планови за иден развој на просторот, визијата за развој можеме да ја приближиме до реалноста во која сакаме да живееме и обратно и можеме да обезбедиме интегрален пристап во процесот на планирање на просторот додаде Оџаклиеска.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %