ОТП банка преговара со Фондот Аполо за преземање на Нова КБМ
Најголемиот унгарски заемодавач, ОТП банка преговара за купување на словенечката Нова КБМ од приватниот инвестициски фонд Аполо за околу една милијарда.
Како што пренесуваат странските агенции, цената што ја понуди ОТП за словенечката банка приближно одговара на книговодствената вредност на Нова КБМ.
Разговорите се во тек, но не е донесена конечна одлука.
Фондот Аполо, кој поседува 80 проценти од Нова КБМ и словенечката банка се уште не дадоа коментар.
Европската банка за обнова и развој има 20 проценти од акциите на Нова КБМ.
Во последниве години, ОТП банка, во обид да го прошири своето присуство на Балканот, купи големи банки во Хрватска, Србија и неколку други земји. Таа е сопственик на мала банка во Словенија, а со купувањето на Нова КБМ, може да стане доверител број еден во таа земја.


















