Скопје

Нови 12 контејнери за електронски и електричен отпад во Аеродром

Во соработка и партнерство со „Нула отпад“, Аеродром станува првата општина која воспоставува организиран систем за собирање на електронски отпад, а граѓаните и компаниите добиваат локации на кои ќе можат да ги одложат помалите електрични и електронски уреди од своите домови.

– Со овие нови контејнери кои се поставени на 12 локации низ општината, правиме значаен исчекор за промоција на одржливоста и заштита на животната средина. Овој систем, ќе придонесе за намалување на опасниот отпад на улиците, дивите депонии кои се создаваат покрај контејнерите и ќе влијае на подигнување на јавната свест, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил.

– Грижата за здравата и чиста животна средина е наш приоритет, а со промовирање одржливи практики и поттикнување на одговорно отстранување на електронскиот отпад, заеднички придонесуваме да се намали влијанието на овој растечки проблем, но и да продолжи заедничката грижа за почиста животна средина, велат од општина Аеродром.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %