Екологија

Неделен извештај за квалитет на амбиентен воздух за период 03.01 – 09.01.2022 година

Во приложениот извештај, дадена е анализа на среднодневните концентрации на PМ10 од Државниот автоматски систем за квалитет на амбиентен воздух.
Од анализата се забележува дека среднодневната гранична вредност за суспендирани честички со големина до 10 микрометри РМ10 (50 микрограми на метар кубен) е надмината на мерните места Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ректорат, Ѓорче Петров, Миладиновци, Битола 1, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Струмица, Тетово и Велес 2.
Прагот на информирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 микрограми на метар кубен) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат, Гостивар, Кавадарци, Куманово и Велес 2.
Прагот на алармирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 150 микрограми на метар кубен) е надминат на мерните места Струмица и Тетово.
Подетални информации можете да најдете на следниот линк: http://air.moepp.gov.mk/
Преземено од Фејсбук профилот на Министерството за животна средина

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %