Муцунски на средба со претставници на Breathe – Air quality sensor network
Здравата животна средина и чистиот воздух е предизвик на кој ние како локална самоуправа пристапуваме со сериозна посветеност.
Денес остварив работна средба со претставниците на Breathe – Air quality sensor network на која разговаравме за меѓусебната соработка, а во насока на детектирање на критичните точки на загадување во Аеродром и изнаоѓање на соодветни решениja за негово превенирање. Од нивна страна беше иницирана донација од 20 сензори кои ќе бидат поставени на различни локации во Аеродром и преку кои ќе се следи квалитетот и нивото на загаденост на воздухот, a информациите за истото ќе бидат во секој момент достапни за граѓаните.
Заеднички се согласивме дека со имплементација на овој проект, како локална самоуправа правиме важен чекор напред во детектирање и следење на загаденоста, но за да обезбедиме чиста и здрава животна средина неопходно е Градот Скопје и останатите надлежни институции на централно ниво да преземат сеопфатни и системски мерки за негово долгорочно третирање и решавање на овој проблем.
Фејсбук објава на градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски


















