Свет

Мора да се запре прогонот на христијаните од Блискиот Исток и северот на Африка

Меѓународната заедница треба да преземе чекори за да го запре прогонот на христијаните на Блискиот Исток и Северна Африка, изјави Сергеј Лавров за телевизијата Русија-24.

Руското Министерство за надворешни работи и Руската православна црква, додава Лавров, имаат многу заеднички проекти, а еден од нив е најактуелен – преземање специјални чекори за заштита на христијаните, особено на Блискиот Исток и Северна Африка, пренесе Тасс.

На маргините на средбата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХРЦ) се одржа специјален форум за поддршка на христијаните, на која учествуваше и Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.

– Форумот собра партнери од Ватикан, Светата столица, министрите за надворешни работи на Ерменија, Унгарија, Белорусија, Либан и други земји, кои гледаат ризик за натамошното нормално, мирно и безбедно постоење на христијаните на Блискиот Исток, истакна Лавров.

Руското Министерство за надворешни работи и Руската православна црква, додава Лавров, имаат многу заеднички проекти, а еден од нив е најактуелен – преземање специјални чекори за заштита на христијаните, особено на Блискиот Исток и Северна Африка, пренесе Тасс.

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Свет

Next Article:

0 %