Бизнис и економија

МОН и Банката за развој при Советот на Европа ќе потпишат договор за грант за обнова на училишни спортски сали

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и вицегувернерот на Банката за развој при Советот на Европа Томас Бошек ќе потпишат договор за грант за реконструкција на спортски сали во основни и средни училишта, како и набавка на опрема.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, настанот ќе се одржи во просториите на Министерството, а грантот изнесува три милиони евра, неповратни средства, за реконструкција на 30 спортски сали во основни и средни училишта и за набавка на опрема за 50 спортски сали во основни училишта.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %