Спорт

Миа Блажевска Еминова со рекорд на 100 метри грбно

Македонската пливачка надеж Миа Блажевска Еминова е дел од Светското првенство (СП) во пливање во 25 метарски базени, кое се одржува во Абу Даби и успеа да постави рекорд во својот настап.

16-годишната пливачка настапи во категоријата 100 метри грбно и постави нов младински и апсолутен рекорд. Патеката ја мина со време 1:01.63 секунди и во генералниот пласман од вкупно 50 учеснички таа заврши на 32-та позиција. Блажевска-Еминова ја чека настап во категоријата 100 метри слободен стил, на 17 декември, каде е во групата број пет.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %