Здравје

Меѓународен мастерс семинар за хирурзи – трауматолози и ортопеди во Скопје

По шести пат во државава, денеска и утре ќе се одржи меѓународен мастерс семинар за хирурзи – трауматолози и ортопеди според програмата на меѓународната АО фондација.

Како што соопштуваат од Македонско друштво на ортопеди и трауматолози, МАДОТ, курсот се одржува под наслов АО Траума – „Повреди на горен екстремитет”.

Претседавачи на курсот се професор доктор Игор Кафтанџиев од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и професор доктор Теодорос Тосоунидис од Универзитетската болница во Крит, Грција. На курсот ќе се одржат предавања од страна на реномирани хирурзи и предавачи од Луксембург, Латвија, Израел, Хрватска, Грција и од Северна Македонија.

– Исто така, во периодот од 6 до 8 октомври, македонскиот огранок на АО фондацијата ќе биде домаќин на паневропски состанок на фондацијата, годишниот состанок на асоцијацијата на кој се прави план за идните активности и истите се одобруваат, а каде ќе присуствуваат седумдесетина претставници од сите европски ограноци. Во истиот период, ќе се одржи и семинар за справување со професионалниот стрес и справувањето со професионалните грешки, се наведува во соопштението.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %