Спорт

Македонија ЃП загуби од РФС

Екипата на Македонија ЃП попладнево загуби од РФС Рига со 1:0 во првото квалификациско коло на Конференциската лига.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот одигран на „Петар Милошевски“ во Скопје беше српскиот интернационалец Андреј Илиќ во 34.минута.

Реваншот ќе се игра на теренот на летонскиот претставник по седум дена.

Вечерва настап во евро-куповите имаат уште две македонски екипи. Шкупи гостува во Литванија кај Хегелман, додека Шкендија на домашен терен се среќава со велшки Хаферфордвест.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %