Став на опозиција

КРИТИКИ

Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ и советник во Советот на Град Скопје

Втор месец градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не работи ништо, нема реализирано ниту еден проект во интерес на граѓаните, на скопјани.

Освен што разрешува директори, поништува огласи за вработувања и прекинува проекти кои се во интерес на граѓаните и градот.

Скандалозно е прекинувањето на проектот за ефикасен и еколошки транспорт, познат како Бас Рапид Транзит, кој се спроведуваше со поддршка од Европската банка за обнова и развој, вреден 70 милиони евра.

Оправдувањата за неговото укинување, кои ги даваат Арсовска и Град Скопје дека наводно ќе ја загрозела животната средина и не бил еколошки се целосно невистинити и контрадикторни.

Проектот Бас рапид транзит е систем кој е прогласен за еден од најеколошките начини на јавен превоз.

Неговата ефикасност значително ќе го намалеше обемот на сообраќај по скопските улици што е дополнителен придонес кон намалување на штетните гасови во воздухот.

 

Можеби ќе ви се допадне

Став на опозиција

ЗАЕДНИЦА

Политичката партија Алтернатива, која неодамна излезе од владата и стана опозиција, повика да се почне ...
Став на опозиција

ПРОВОКАЦИИ

Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ „Јас ќе очекував огромниот број на Бугари ...
Став на опозиција

ПАНИКА

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ „Она што е многу побитно е оваа средба и позадината ...

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %