Скопје

КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ СО ПОМАЛИ ШТЕТИ ВО СКОПЈЕ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот профил на Фејсбук синоќа информира за штетите што ги предизвика кусото невреме во главниот град.
Неговата објава ја пренесуваме во целост:
Краткотрајното невреме предизвика мали штети во Град Скопје:
Прекин на електричната енергија во Центар и Аеродром.
Прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби.
Десетина паднати дрвја и неколку оштетени автомобили.
Пожар избувна спроти Расадник во Кисела Вода, предизвикан од невремето кој набрзо беше изгасен.
Град Скопје соопштува дека се проодни сите подвозници и дека екипи на работат на поединечни локации. ЈП Паркови и зеленило работи на расчистување на дрвјата, а ЈП Водовод на отстранување проблеми со атмосферската канализација.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %