Македонија

Костовски: Македонија е колатерална штета од руско-украинскиот судир

Повеќе од очигледно е дека вооружениот судир во Украина меѓу Руската Федерација и Украина, поддржана од НАТО членките и ЕУ, влегува во фаза на неподносливи социјални проблеми предизвикани од растот на цената на енергенсите, напиша денеска бизнисменот Трифун Костовски на својата официјална страница на Фејсбук.

Објавата ја пренесуваме во целост:

Македонија како држава е колатерал во овој судир од веќе светски размери. Влијанието на Македонија во разрешувањето на овој проблем е многу симболично, меѓутоа чесно е пред своите сограѓани и пред целата НАТО структура да покрене макар и иницијатива за брзо решавање на оваа војна каде нема да има победници, ама светот ќе се врати во нормала. Македонија е членка на НАТО и апсолутно е одговорна да ги спроведува одлуките на оваа воена организација, меѓутоа има право внатре меѓу членките на НАТО да навести дека последиците од оваа војна водечките богати држави во НАТО Алијансата многу полесно ќе ги пребродат отколку земјите членки како Македонија кои тешко можат да го преживеат овој драстичен пораст на цените на енергенсите, а со тоа на своите сограѓани им се нуди беда. Доколку војната во Украина продолжи со ист или зголемен интензитет каде зборот МИР ќе значи мисловна именка, ситуацијата ќе станува уште полоша, посебно за земјите со низок стандард. Говориме за живот. Чесно е да го потсетиме НАТО дека и нас Македонија, како држава безусловната поддршка ќе нè чини голема беда која ќе предизвика многу социјални немири во земјата со можност да се дестабилизира целиот регион. Социјалните немири може да бидат иницијалната каписла за ширење на воениот пожар од Украина на Балканот. Упатувам порака до сите политички субјекти во Македонија да се сплотат и под итно да се договорат за формирање на експертска Влада со максимално кастрење на трошоците во Владата за справување со предизвиците кои допрва претстојат пред нас.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %