Скопје

„Импровизации“ – самостојна изложба на Глигор Кондовски

Во Културно социјалниот простор Центар Јадро во Скопје вечер ќе биде отворена самостојна изложба на Глигор Кондовски насловена „Импровизации“. На отворањето на изложбата ќе настапи џез триото Глигор Кондовски – виолина, Владан Дробицки – тромбон, Дени Омерагиќ – контрабас.

Изложбата ќе ја отвори Мирко Попов. Како што посочува ликовниот уметник Билјана Билбилоска за оваа изложба, слободниот дух и слободната рака го одвеле уметникот на најнеочекуваните фотографски надминувања,

-Во овој фотографски момент, Глигор ја поставува фотографијата на ниво на класичната визуелна техника. Медиумот е граница, но ликовниот израз е високата визуелна точка на вкрстување на сите технички патувања. Слободниот дух и слободната рака во овој случај го одвеле уметникот на најнеочекуваните фотографски надминувања, додека слободата како апсолут во сите сфери од животот ја носи и како ангажирана идеја овојј современ уметник. Овие фотографии поставуваат прашања: што е слобода, ги преиспитува границите на слободата, односот на современиот човек кон слободата, како и тоа што е внатрешна ,а што надворешна слобода?“, веи Билбилоска.

Глигор Кондовски (1980) дипломира на Факултетот за музичка уметност, вокално- интрументален оддел, отсек виолина. Дипломира на вториот Факултет за драмски умености при Тетовскиот универзитет, филмска и ТВ режија. Магистрира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Филмско и ТВ сценарио. Моментално е вработен како наставник по виолина во ДМУ “Тодор Скаловски – Тетоец” во Тетово.

Со композицијата „Once upon a train” учествува на една компилација наречена „Клавирско небо” во Србија во 2021 година. Во 2022 го издава соло албумот „Encounter”, за издавачката куќа ПМГ ЏЕЗ. Има неколку промотивни настапи на албумот – „Крај Вардарот Сесии” во Аудиокултура, настап на Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез”, како и настап на „Скопско лето” во 2023 година.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %