Култура

За Летка Димовска Полизова

Почитувани читатели,

Овие празнички денови рубриката култура ќе ја посветиме на македонскиот хор Света Злата Мегленска и најуспешниoт хорски диригент Летка Димовска Полизова.

Летка Димовска Полизова, без сомнение, е најуспешниот хорски диригент и единствената жена диригент во Македонија, која има добивано највисоки СВЕТСКИ И МЕЃУНАРОДНИ награди и признанија.

Тоа се должи на нејзината беспоштедна работа, големи познавања и моќ за префинето градење на музичката програма, чии настапи воодушевуваат и предизвикуваат силни емоции и спознанија. Или уште, таа е диригент со уникатен модел според својот талент и диригентски израз кои се нејзин препознатлив знак во сè што го прави на сцените низ земјата и светот.

Таа е вистински амбасадор на националната хорска музика и културна традиција, осведочен афирматор на хорското пеење. Нејзиниот талент за специфично емотивно аудио и визуелно преточување на сопствените мисли низ хорската литература се потврдува преку континуирани настапи со Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ на многу меѓународни фестивали, хорски манифестации и хуманитарни концерти.

Четири децении таа му дава посебен белег на македонското хорско пеење и на музичката култура во земјава кое прерасна во еден од стожерните културни сподвижници, која со својата работа ја пронесе низ светот славата на македонското хорско пеење.

Како редок претставник на македонските самодејности, диригент, педагог и уметник, кој целиот свој работен век му го посвети на хорското традиционално и современо творештво, таа остави силен печат во културното живеење, откривајќи ја пред најширокиот аудиториум доблесната музичка литература од наши и од странски автори. Тие успеси се поврзани со диригирање со разни хорски поставки, а последните две децении нераскинливо се споени со „Св. Злата Мегленска“. Таа е вистински амбасадор на националната хорска музика.

Плод на таквата посветеност и работа се големиот број награди и признанија од домашни и меѓународни фестивали и натпревари. Кога во 2011 година на Светскиот фестивал на хорови во Грац, Австрија ги освои првите места и златните плакети во категориите фолклор и световна музика и второ место и сребрена плакета во категоријата црковна музика, сите помислија дека тоа врвот кој може да го достигне еден македонски хорски состав.

Но, во првата половина на јули 2014 година Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ освои три олимписки медали (два златни и еден сребрен) на Светската хорска олимпијада во Рига (Летонија) и ја помести границата за успешност.

На Хорската Олимпијада во Сочи во 2016 година (во Руската Федерација) Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“) беше овенчан со титулата СВЕТСКИ ШАМПИОНИ во својата категорија на женски камерни хорови и уште со три златни медали во трите натпреварувачки категории – световна, фолклорна и црковна музика – и сега му преостанува да се натпреварува сам со себе. Својот 40 годишен ЈУБИЛЕЈ, како хорски диригент, со женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, го реализира својот животен сон, и како круна на целиот работен век, на Светските хорски игри во Сочи-2016, познати уште како ХОРСКА ОЛИПИЈАДА, се почести со највисокото признание во историјата на македонската хорска култура, титулата СВЕТСКИ ШАМПИОНИ во категорија на Женски камерни хорови.

Продолжува утре: Рекле за Летка Димовска Полизова

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %