Екологија

Економски форум за зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија  и Австрија

На Економскиот форум посветен на зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија  и Австрија , министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова се обрати пред претставниците на реномираните компаниите од двете држави. Во своето обраќање се осврна на предизвиците во секторот за животна средина и како државата и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се справат со нив. Развојот кон имплементација на Зелената агенда, кон воспостaвувањe циркуларна економија, одржливо управување во заштитените подрачја и енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија беа нотирани како области во кои се отвараат нови можности за економска соработка и размена на искуства во примена на најдобродостапни технологии.

Со присуството и обраќањето на двајцата претседатели Стево Пендаровски и Александер Ван дер Белен, Форумот беше одбележан како настан од највисоко ниво во рамки на развивање на економската соработка меѓу бизнис секторот во двете држави.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %