Uncategorized

Државен шампионат во традиционално карате во кати за сите возрасти

Над 100 каратисти од повеќе карате клубови од нашата земја денеска ќе учествуваат на 53. Државен шампионат во традиционално карате во дисциплината кати за сите возрасти.

Како што информира Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), натпреварите ќе се одржат во салата на Будо центарот Недеви во Кисела Вода.

Овој натпревар ќе биде тест за нашите каратисти кои оваа година ќе учествуваат на повеќе меѓународни натпревари и тоа: од 1-5 јуни на ИТКФ Светскиот куп во Грција, на 1-2 октомври на ИТКФ Светскиот шампионат во Прага, Чешка и на 26-27 ноември на ЕТКФ европскиот шампионат во Италија.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %