Спорт

Дориан Бабунски: Да го покажеме нашиот квалитет, треба да бидеме поефикасни

Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за натпреварите против Грузија и Бугарија од групата 3 во Лигата на нации.

Репрезентативецот Дориан Бабунски смета дека сите фудбалери кои се наоѓаат во тимот треба да го покажат својот квалитет, иако селекторот Благоја Милевски се соочува со многу откажувања на важни фудбалери поради повреда.

– Против Грузија во Скопје почнавме во одлично темпо, но тоа треба да го играме до крај, 90 минути. Неколку важни фудбалери ни недостасуваат, но мислам дека сите што сме тука ќе покажеме квалитет. Ако продолжиме како што знаеме ќе извле чем позитивни резултати. Да се обидеме да постигнеме гол што побргу.

Средбата со Грузија ќе се игра во Тбилиси на 23 септември, три дена подоцна во Скопје на гости доаѓа Бугарија.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %