Дејвис Куп 2022: Вајлд карти за Велика Британија и Србија
Четири нации веќе се квалификуваа за Дејвис Купот 2022 година. Тоа се годинaшните финалисти, Хрватска и Русија, и две нации со вајлд-карта, Велика Британија и Србија.
На овие четири нации во финалето ќе им се придружат 12-те победнички нации од Квалификациите во 2022 година.
Како што информира Меѓународната тениска федерација која на денешната прес-конференција во Мадрид ги потврди деталите околу настанот, финалето на Дејвис купот во 2022 година ќе содржи групна фаза од 16 нации кои ќе се натпреваруваат во четири групи во четири градови.
Најдобрите осум екипи од групната фаза ќе се пласираат во нокаут фазата во неутрален – петти град домаќин.


















