Екологија

ГРУПАТА „НА ТОЧАК“ АЛАРМИРА!

Во 2020-та, 1 во 50 автомобили се целосно електрични на светско ниво.

Звучи импресивно, но за да се замени цела автомобилска флота во светот, треба да поминат 20 години.

Заштедите во емисии од замената на возилата на фосилни горива со електрични НЕМА ДА БИДЕ ДОВОЛНО БРЗА за да направи разлика во времето што го имаме на располагање за ИТНА АКЦИЈА за климатската криза: СЛЕДНИТЕ 5 ГОДИНИ.

Справување со климатската криза значи да МИНИМИЗИРАМЕ моторизиран приватен транспорт што е можно побрзо.

Фокус само на електрични возила ја успорува оваа битка!

Ова е делумно зашто е-возилата не се баш нула-јаглерод, ако ги земеме предвид материјалите за нивните батерии, производството на самите возила и начинот на кој е добиена електричната енергија на која возат.

Транспортот е сектор кој e најпредизвикувачки да се декарбонизира, зашто побарува ОГРОМНА потрошувачка на фосилни горива и се основа на јаглерод-интензивна инфраструктура како коловози, автопатишта, аеродроми и самите возила и начинот на кој поттикнува авто-зависни животи.

НАЈЕФИКАСЕН начин да се намалат емисиите од транспортот брзо и глобално е да се заменат патувањата со возила со велосипеди, е-велосипеди и пешачење (=активен транспорт).

Луѓето што возат велосипеди и пешачат имаат помал јаглероден отпечаток.

За истражувањето следени се 4 000 луѓе од Лондон, Антверп, Барселона, Виена, Оребро, Рим и Цирих во текот од 2 години. Луѓето го бележеле секое можно патување, дали до работа, до школо или до продавница и начинот на кој го направиле.

Луѓето кои возеле точак на дневна основа имале за 84% помал јаглероден отпечаток од оние кои не возеле.

Исто така откриле дека и личноста која заменува кола со точак барем во еден ден од неделата, намалува 3.2 kg CO2.

Ако се земе предвид целиот животен циклус на секој тип превоз (заедно со јаглеродот емитуван и при производство на возилото, при користење и при одлагање), емисиите од точак, се 30 ПАТИ ПОМАЛИ ЗА СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ споредено со возење кола на фосилни горива и 10 ПАТИ ПОМАЛИ споредено со возење е-автомобил.

Ако само 1 од 5 жители перманентно ги сменат навиките за превоз во следните години, емисиите од патувања со коли во Европа ќе се намалат за 8%.

Половина од намалувањето на емисиите за време на пандемијата во 2020-та се должат на намалување на транспортот.

Пандемијата исто така ги поттикна државите да вложуваат во пешачење и возење точак. Кај нас на државно ниво не видовме никаква акција.

Во UK забележан е раст од 20% на луѓе кои пешачат и 9% луѓе кои возат точак, а 58% за викенди.

Возењето точак понуди алтернатива која одржува дистанца во пандемијата, покрај што ги намали емисиите.

Заклучокот е дека АКТИВНИОТ ТРАНСПОРТ може да ПОМОГНЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ во климатската криза отколку електричните возила, а во исто време да обезбеди достапен, чист, здрав и анти-метеж транспорт.

На потег се властите!

Првично објавено на 10 Април 2021

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %