Скопје

Во Скопје 50 казнети возачи, 25 за брзо возење

На територијата на Град Скопје во рамки на засилените акциски сообраќајни контроли вчера се изречени 50 мерки, меѓу кои 25 за возење повеќе од дозволената брзина.

Од МВР денеска информираа дека се изречени четири мерки за возење без возачка дозвола, четири за користење мобилен телефон, две за возач почетник и една санкција за непрописно престигнување и заобиколување.

МВР најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %