Скопје

Во Скопје санкционирани 173 возачи, 71 за брзо возење

При засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки.

Меѓу нив, како што информира МВР, за возење со брзина поголема од дозволената 71 санкција, 16 мерки за управување возило без возачка дозвола, а 29 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се и четири мерки за користење мобилен телефон при управување автомобил, девет санкции за возење под дејство на алкохол, како и пет за нерегистрирани возила.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %