Скопје

Во Кинотека нови филмски проекции за најмладите

Во Кинотека од денеска до петок во рамки на програмата „Кино утро” ќе бидат прикажани нови филмски проекции за најмладите.

Во овој период, програмата „Кино утро” ќе биде надополнета со филмите „Стела”, Кариран нинџа”, Петко пет плус”, „Каламити” и „Патувањето на принцот”.

На репертоарот денеска може да се погледнат филмовите „Петко” и „Стела”, утре „Кариран нинџа” и „Петко”, а во среда „Каламити” и „Стела”. Во четврток ќе бидат прикажани „Кариран нинџа” и Патувањето на принцот”, а во петок повторно „Петко” и „Стела”.

Филмските проекции за најмладите почнуваат од 12 и од 14 часот.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %