Здравје

Во Битола Конвенција „Првата помош спасува живот”, по повод Светскиот ден по прва помош

Под мотото „Првата помош спасува живот”, Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска по повод одбележување на Светскиот ден по прва помош организира Конвенција по прва помош во Битола кај Офицерски дом.

Конвенцијата ќе започне со дефиле на сите учесници, кое ќе се одвива низ Широк сокак до плоштад Магнолија.

Првиот дел, како што е најавено, ќе биде посветен на промоција на културата и традицијата на општините кои ги покрива општинската организација на Црвен крст. Ќе бидат поставени 14 штандови на кои ќе бидат претставени традицијата и културата преку храна, сувенири, едукативно промотивни материјали, народни носии и останати обележја кои се карактеристични за општините.

Вториот дел од настанот ќе биде наменет за промоција на првата помош и ќе започне со симулациска вежба во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија во соработка со останати чинители и институции за кризен менаџмент на локално ниво.

Конвенцијата ќе ја отворат генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија Саит Саити и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %