ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР, БРАНА МАНТОВО
Денеска е извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Вардарски и Југоисточен регион, Канцеларии Струмица и Гевгелија во присуство на управителот и инженер по екологија во правниот субјект БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш.
За време на вонредниот инспекциски надзор на Брана Мантово под круната на браната утврдено е: зелено обојување на површината од водата со видливи зелени честици, и слабо сина боја во водата и по камењата (во непосредна близина до брегот), на средината под круната на браната има зелена боја на површината од водата со видливи зелени честици, и светло сино обојување на места во водата, а во горниот дел под круната на браната има насобрано отпад од пластични шишиња најлонски ќеси како и остатоци од листови и гранчиња, а водата е запенета и на повеќе места има потемно сино обојување во водата, по камењата и врз пластичните шишиња.
Во Брана Мантово појавата на зелена боја на површината од водата со видливи зелени честици и синото обојување на некои места не е утврдено од што е настанато, а не се знае и со каков квалитет е водата во Брана Мантово.
Инспекцискиот надзор е извршен долж целиот брег на Брана Мантово во длабочината на водата и се гледа зелена боја, на брегот на брана Мантово од страната на населбата водата е: светло зелена боја, на некои места е светло сина боја, а на површината од водата нема зелени честици.
Од страна на БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш на 28.12.2021 година повикани се лица од Универзитетот Гоце Делчев – Штип Земјоделски факултет УНИЛАБ и земени се мостри од водата од брана Мантово, на 29.12.2021 година ќе се извршат останати мерења на квалитетот на водата од Технолаб ДОО Скопје.
При надзорот на лице место направени се фотографски снимки (подолу).
За време на инспекцискиот надзор нема истек на води од БОРОВ ДОЛ ДООЕЛ Радовиш во Брана Мантово и не е приметена видлива прашина во воздухот.
Извештаите од двете мерења ќе бидат доставени до ДИЖС.


















