Историски семејства

Вилијам повторно ги трогна Британците

Британскиот принц Вилијам објави видео на својот официјален профил на Инстаграм, промовирајќи книга за спасување на природата наречена „Earthshot: How to Save Our Planet“, кое го сними во неговата канцеларија, а на многумина вниманието им го привлече еден посебен детал зад неговиот грб.

Имено, многумина забележаа дека на комодата зад неговиот грб има врамена фотографија на која позираат неговиот син принцот Џорџ и неговиот покоен дедо, принцот Филип.

„Драгиот принц Вилијам, нашиот драг иден крал“, „Вие сте нашата инспирација“, „Ти си најдобар, Вилијам“, „Најмили од семејството“, му напишаа фановите во коментарите.

Дека оваа фотографија му била особено драга на Вилијам стана јасно кога ја објави на социјалните мрежи по повод смртта на неговиот дедо, а исто така е познато дека ја направила неговата сопруга, војвотката Кејт Мидлтон.

– Дедо ми беше извонреден човек и дел од извонредна генерација. Кејт и јас ќе продолжиме да ја работиме нашата работа како што тој би сакал и ќе ја поддржуваме кралицата Елизабета Втора во годините што доаѓаат. Ќе ни недостигаш, дедо, но јас знам дека сакаш да продолжиме со нашата работа, напиша Вилијам покрај фотографијата.

Видетото на следниот ЛИНК

 

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %