ВЕВЧАНИ
Карневал стар повеќе од 1400 години, „држава во држава“, Михајло Пупин, своја сопствена валута – личници, „слободни ѕидари“… со еден збор – Вевчани! Мало место со премногу историја и сегашност. Опкружени со прекрасна природа во близина на Вевчани се наоѓаат и изворите кои се едни од најпосетените во Македонија. Низ самото село посебно се истакнува куќата на Китановци која претставува вистинско архитектонско ремек-дело за своето време. А вевчанци… ехх тие се посебна приказна. Со мијачко потекло, одлични градители, остроумни и без влакна на јазикот – горди на своето го промовираат Вевчани на најдобар можен начин.


















