Британската кралицата го поддржува движењето Црните животи се важни
Британската кралица Елизабета и кралското семејство се поддржувачи на движењето Црните животи се важни (Black Lives Matter – BLM), изјави претставник на монархијата.
Сер Кен Олиса, првиот црн лорд-поручник за Лондон, откри за Канал 4 дека разговарал за темата за расизмот со членовите на кралското семејство по убиството на Џорџ Флојд во САД.
Во интервјуто тој рече: „Разговарав со кралското семејство за расни прашања, особено во последните 12 месеци од инцидентот со Џорџ Флојд.
– Тоа е жешка тема за разговор. Прашањето е што повеќе можеме да направиме за да го натераме општеството да ги отстрани овие бариери. Кралското семејство страсно се грижи да ја направи оваа нација поврзана со истите вредности.
На прашањето дали дворецот го поддржува движењето Црните животи се важни, сер Кен рече: „Одговорот е лесен, да“.
Во интервјуто за Опра Винфри претходно оваа година, војводата и војвотката од Сасекс го обвинија кралското семејство за расизам. Меган Маркл рече дека неименуван член на кралското семејство, не кралицата или војводата од Единбург, изразил загриженост пред Хари за тоа колку ќе биде темна нијансата на кожата на нивниот син Арчи пред да се роди.
Двојката, исто така, посочи дека расизмот може да биде фактор зад одлуката на Арчи, првиот правнук на кралицата од мешана раса, да му се одземе обезбедување и титулата принц.
Кралицата подоцна издаде соопштение во кое се вели дека прашањата што се отвораат ќе се разгледуваат приватно како семејство, додека војводата од Кембриџ ја бранеше монархијата, велејќи „ние сме многу нерасистичко семејство“ набргу по емитувањето на интервјуто.
Бакингемската палата, исто така, призна дека „мора да направи повеќе“ и „не е таму каде што би сакала да биде“ во однос на разновидноста, по објавувањето на бројките што откриваат дека нејзиниот процент на вработени според етнички малцинства изнесува 8,5 проценти, со цел од 10 отсто за 2022 година.


















