Спорт

Бобан Николов пред трансфер во Салернитана

Повратникот во италијанската Серија А, екипата на Салернитана, е заинтересирана да го засили средниот ред со македонскиот репрезентативец Николов, јавија вечерва италијанските медиуми.

Салернитана, како што објави „Тутомеркатовеб” може без обесштетување да го доведе во своите редови 27-годипниот Николов, откако на македонскиот фудбалски репрезентативец во јуни му истече договорот со италијанскиот второлигаш Лече.

Николов во 2017 година премина од Вардар во унгарскиот прволигаш МОЛ Види, од каде во јануари годинава направи трансфер во Лече потпишувајќи шестмесечен договор со екипата која не успеа минатата сезона да избори пласман во Серија А.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %