Арсовска се сретна со полскиот амбасадор
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска се сретна со полскиот амбасадор во земјава Кшиштоф Гжелчик.
Објавата на Арсовска на социјалните мрежи ја пренесуваме во целост:
На работниот состанок со амбасадорот на Република Полска во Македонија, Кшиштоф Гжелчик беше придружуван од деловна делегација предводена од Кшиштоф Пжилуцки, директор за надворешна трговија на Полската агенција за инвестиции. На средбата се разговараше за одличните билатерални релации, потенцијалот за економска соработка и новите инвестиции во Скопје.
Разговаравме и за настаните по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје и книгата “Варшава го исцртува Скопје“ издадена од наградуваната авторка Кинга Нетман Мултановска, која има осврт на голем период од историјата на Скопје, со акцент на поддршката и вклученоста на полските урбанисти и архитекти во обновата по земјотресот.


















