Историски семејства

Анте Поповски

Поповски е роден на 3 јуни 1931 година во с. Лазарополе, Дебарско. Завршил Медицински факултет во Скопје и како лекар работел во Дебар. Но, него повеќе го влечел пишаниот збор и вклучувањево во општествените текови. Бил член на Извршниот совет (Влада) на (С.Р.) Македонија, директор на весникот „Нова Македонија“ и „Вардар филм“ во Скопје, потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, член на ДПМ (Друштво на писателите на Македонија) од 1956 година, а негов претседател во два мандата и претседател на Советот на СВП (Струшки вечери на поезијата) (1966/67 и 1978/79). Член на МАНУ (Македонска академија на науките и уметностите). Член на Македонскиот ПЕН центар.

Автор е на книгите: „Одблесоци“ (поезија, 1955), „Вардар“ (поезија, 1958), „Самуил“ (поезија, 1963), „Непокор“ (поезија, 1964), „Камена“ (поезија, 1972), „Тајнопис“ (поезија, 1975), „Љубопис“ (поезија, 1980), „Родопис“ (поезија, 1981), „Сина песна“ (поезија, 1984), „Глас од дамнина“ (публикација од литературно-историски и поетолошки карактер, 1986), „Ненасловена“ (поезија, 1988), „Оковано време“ (статии и коментари, 1991), „Меѓу животот и знаците“ (есеи, 1991), „Провиденија“ (поезија, 1995), „Окото, светлините“ (есеи, 1996) и последната, тестаменталната поема „Света песна“ (поезија, 2001).
Составувач е на „Светата земја на зборот“, антологија на јидиш поезијата, и на „Орфеј и Исус“ — библиски мотиви во современата македонска поезија (2000).
Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија, Индија. Преведувач на автори од светската поезија и есеистика.
Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“ , „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Гоцева повелба“ и на Меѓународната награда за најдобра песна “Premio Europa”.

Починал во Скопје, на 1 октомври 2003 година.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %