Спорт

Алегри по елиминацијата на од Виљареал: Резултатот е понижувачки за мене

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по големиот пораз од Виљареал (0:3) во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, призна дека таквиот резултат бил понижувачки за него.

– Виљареал има многу професионален тим. Максимално ги искористи своите шанси, но ни досудија глупав пенал. Резултатот е навредлив, бидејќи имавме шанси и на првиот меч и на денешниот натпревар. Нема што да им се забележи на играчите, тие мора да продолжат да работат, како што правеа претходно, изјави Алегри.

Во првиот натпревар беше нерешено (1:1), па Виљареал со вкупни 4:1 се пласираше во четвртфиналето.

Двојките за четвртфиналето во елитното фудбалско натпреварување ќе бидат познати по ждрепката која ќе се одржи на 18 март.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %