Спорт

Академија Пандев со победа, Шкупи со реми ги завршија подготовките во Анталија

Победа и реми остварија македонските фудбалски прволигаши Академија Пандев и Шкупи на завршните контролни натпревари што денеска ги одиграа во Анталија.

Струмичкиот прволигаш убедливо ја совлада софиска ЦСКА со 4:0 (1:0) со головите на Пандев, Бакар, Димоски и Ѓорѓиев. За Академија Пандев ова беше премиерниот триумф на подготовките в Анталија, откако претходно одигра нерешено против Нови Пазар (1:1) и Крилија Советов (0:0), додека загуби од Лјапи со 0:2.

Есенскиот шампион Шкупи ги заокружи подготовките во турскиот тренинг центар одигрувајќи нерешено 2:2 против Ахмат Грозни

Стрелци за скопскиот прволигашот беа повратник Омер Имери и Марко Ѓорѓиевски, додека Фреди Алварез во вториот дел не реализира пенал за Шкупи.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %