Спорт

Шкрињар во јуни ќе му се приклучи на ПСЖ

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар ќе му се приклучи на Пари Сен-Жермен во јуни оваа година, бидејќи јануарскиот договор пропадна, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Според Романо, 27-годишниот фудбалер 100% ќе го напушти Интер во јуни бесплатно за да премине во францускиот клуб.

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота потврди дека Шкрињар ќе замине во јуни бесплатно: „Милан го направи изборот, тоа е негово право – и ние мора да го почитуваме“.

Во тековната сезона Шкрињар забележа 27 настапи за „нероаѕурите“ во сите натпреварувања и има една асистенција. Неговиот договор со клубот е до летото 2023 година. 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %