Екологија

О2 Инцијатива: Нова порција лаги на градоначалникот Богдановиќ

Објавата на О2 Иницијативата ја пренесуваме во цслост:
Нова порција лаги на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, сега причината не е дефинирање каков елаборат да се однесе, сега причината е СТРАВ, наводно се плашел дека општината ЌЕ плаќала пенали ако не успее да донесе нов ДУП за 1 год, по суспензија. Се обидувал да ги убеди советниците дека е невозможно да се донесе ДУП за 12 месеци – најверојатно тргнувајќи од сопствениот капацитет за реализација. Да го потсетиме градоначалникот дека за 6 месеци од сега има локални избори и по тие избори многу веројатно, ќе дојде нов градоначалник.
После серијата на одлуки кои не одат во корист на граѓаните на општина Центар и град Скопје, од
– прифаќање планерска куќа, истата која го работела стариот ДУП, да работи на новиот за да се усогласи со ГУП, за 1 денар,
– нераскинување на време и после јасните индиции дека целата работа се одолговлекува и не се прифаќаат сугестиите на стручната ревизија, за да го раскине догворот само пред еден месец,
– тврдење дека поднел барање за суспензија и го поднела елаборатот, за да денес се открие дека ниту го поднел, ниту САКА да го поднесе, затоа што според него, не било можно да се изработи ДУП во рок од една година (што не е точно, нека си го праша сопартиецот и колега градоначалник Борче од Гази Баба кој штанца ДУПови) и општина Центар ќе плаќала оштета,
Можеме да кажеме дека најодговорен за состојбата во која општината и градот се наоѓаат, со држење во сила на стар ДУП од 2012 година, неусогласен со ГУП на Град Скопје на кој и самиот му се ближи крајот и во изработка е НОВ ГУП, е токму градоначалникот Саша Богдановиќ, кој сака да издаде градежна дозвола за проекти базирани врз овој ДУП, полн со недоследности и погрешно планирање, сомнителен уште во 2012, но се протнал поради владеачкото мнозинство во Советот, иако не смеело.
Градоначалникот Богдановиќ за цело ова време само купува време и замајува јавност.
Конечно барем ја знаеме вистината и знаеме против кого всушност се бориме.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %