Скопје

Отворање на изложбата „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје”

„Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје” е насловена изложбата која од 19 часот ќе биде отворена во Музејот на Северна Македонија во организација на Здружението за поддршка и промоција на културата „Континео 2020″ – Скопје.

Изложбата е резултат на истоимениот едногодишен проект од областа на културата и архитектурата кој Здружението „Континео 2020″ го спроведе со финансиска поддршка од Амбасадата на Швајцарија.

Според авторскиот тим на проектот – Ана Ивановска-Дескова, Владимир Десков, Јован Ивановски и Бојана Стојменовска, жените архитекти имале значаен придонес во периодот на постземјотресната обнова на Скопје.

– 1960-тите, 1970-тите и раните 1980-тите години се период на интензивно архитектонско и урбанистичко творештво за Мимоза Томиќ, Вера Ќосевска, Љубинка Маленкова, Олга Папеш, Василка Ладинска и многу други. Образовани во веќе реномираните архитектонски школи и културни центри – Белград, Загреб и Љубљана, каде архитектонскиот модернизам навлегува директно од европските центри – Париз, Берлин, Виена, Прага…, по нивното враќање во Скопје имаат силно влијание врз развојот на македонската архитектонска сцена, ширејќи ја модернистичката идеја и култура помеѓу помладите генерации на архитекти, соопшти Здружението „Континео 2020″.

Изложбата „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје” ќе биде отворена за јавноста до 23 март 2022 година.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %