Спорт

Втора сезона од зимската баскет 3×3 лига

По ланската успешна премиерна сезона, викендов во организација на Кошаркарската федерација и „3×3 Macedonia“ стартува второто издание на зимската баскет лига.

Форматот на натпреварување останува ист како и минатата година со четири квалификациски турнири, од кој првиот е закажан за в недела со почеток точно напладне во скопскиот СРЦ Кале.

Вкупно 12 екипи ќе означат почеток на втората сезона на зимската 3×3 лига, а секој квалификациски турнир ќе има награден фонд од 200 евра за првопласираната и 100 евра за второпласираната екипа.

Наградниот фонд за финалниот турнир е десеткратно поголем од лани и изнесува 2.000 евра за шампионот, 1.000 евра за второпласираната екипа, како и 500 евра парична награда за третопласираната екипа.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %