Историски семејства

Чарли Чаплин

Сер Чарлс Спенсер Чаплин, познат како Чарли Чаплин, (16 април 1889 – 25 декември 1977) бил истакнат англиски комичар, режисер и композитор во добата на немиот филм. Пред крајот на Првата светска војна бил еден од најпознатите филмски ѕвезди кој користел мимика, фарса и други техники на визуелна комедија кои котирале високо и во времето на тонфилмовите, но при крајот на 1920 бројот на неговите филмови значително се намалил. Негова најпозната улога е таа на „Скитникот“ (The Tramp)”, која најпрво ја играл во комедијата “Детски трки во Венеција (англиски: “Kid Auto Races At Venice”), снимена во студиото Кејстон (Калифорнија) во 1914 година. По снимањето на “Дваесет минути љубов” (англиски: Twenty minutes of Love), во април 1914, Чаплин ги напишал и режирал повеќето свои филмови, од 1916 ги продуцирал, а од 1918 и компонирал музика за нив. Toј во далечната 1919 година, во соработка со Мери Пикфорд, Даглас Фербенкс и Д.В. Грифит го основале филмското студио Јунајтед Артистс.

Чаплин е еден од најкреативните и влијателни ликови од ерата на немиот филм. Силното влијание на неговиот претходник, францускиот комичар Макс Линдер, кому му посветил и еден свој филм е видливо во неговата работа. Неговата кариера која започнала на сцената на Мјузик Хол, Велика Британија, била прекината поради неговата смрт на 88 годишна возраст, после 75 години поминати на сцена. Контраверзноста била секогаш присутна како и во неговиот јавен така и во неговиот приватен живот. Во времето на Мек Картни, при крајот на 1950 година поради неговите “левичарски” политички аспирации, Чаплин бил принуден да се пресели во Европа.

Во 1999 година, Американскиот филмски институт, го назначил Чаплин како десетта најголема машка филмска легенда на сите времиња. Џорџ Бернард Шо го нарекол Чаплин “единствениот гениј на филмската индустрија”

Чарлс Спенсер Чаплин е роден на 16 април 1889, наводно на Ист Стрит, Волворт, Лондон, Англија. Неговите родители, од кои и научил да пее, биле забавувачи во Мјузик хол. Татко му, Чарлс Спенсер Чаплин, бил вокален солист и актер, додека мајка му, Хана Чаплин, била пејачка и глумица која настапувала под псевдонимот Лили Харли. Прабаба му по татко, била припадник на ромското стебло Смитс, нешто на кое тој бил многу горд, иако подоцна во својата автобиографија го опишал со зборовите “скелетот во нашиот семеен плакар”. Родителите на Чаплин, иако никогаш не се развеле, сепак престанале да живеат заедно до 1891, пред Чарли да наполни 3 години.

Пописот од 1891 година покажал дека Чарли живеел со мајка му и постариот полубрат Сидни на ул. Барлоу, Волворт. Како дете, Чаплин и мајка му смениле неколку адреси, главно во лондонскиото округ Кенингтон. Хана немала доволно приходи, освен повремената работа како негувателка и шивачка, а таткото на Чаплин не обезбедувал финансиска поддршка. Кога се влошила ситуацијата, Чаплин бил испратен во Ламбот Воркхаус, на седум годишна возраст. Таткото, Чарлс Чаплин постариот, бил алкохоличар и речиси не одржувал никаков контакт со својот син, иако Чарли и неговиот полубрат кратак период живееле со него и со неговата љубовница Луиза, на Кенингстон Роуд, бр.287. Тоа било во периодот кога нивната мајка со нарушено ментално здравје, како резултат на психоза и сифилис, два месеца престојувала во душевната болница Кејн Хил во Кулздон. Чарли имал 12 години кога татко му на 38 годишна возраст умрел од цироза, во 1901. Неговата мајка, со постојано нарушено здравје неколкупати била згрижувана во болница. Од 1905, здравјето трајно ѝ било нарушено а починала во 1928.

 

Според податоците од пописот во 1901 година, Чарли живеел на Ферндал Роуд, Ламбет, како дел од танчерската група “Осумте момчиња од Ленкашир” ( англиски: The Eight Lancashire Lads), предводена од Вилијам Џексон со кои стапил во контакт преку врските кои ги имал татко му.[4] Како член на музичката трупа, тој настапувал во англиските музички сали во текот на 1899 и 1900 година. Чаплин работел напорно, а глумата била популарна кај публиката, но тој не бил задоволен со танцот и сакал да настапува во комедии.

На 13 годишна возраст Чарли го напуштил училиштето. Работел секакви ситни работи но сонувал да стане глумец. На 14 годишна возраст, се пријавил во театарска агенција во лондонскиот Вест Енд. Менаџерот го почувствувал потенцијалот во Чаплин, кој веднаш ја добил својата прва улога како разнесувач на весници во претставата Џим на Хари Артур Сентсбери. Премиерата била во јули 1903 но претставата не доживеала успех. Сепак, комичната изведба на Чарли била забележана од публиката и пофалена во неколку критики.

Во 1903, Чарли ја добил улогата на Били, во претставата за Шерлок Холмс. Неговата изведба била одлично прифатена од публиката по што тој бил повикан во Лондон да ја игра заедно со Вилијам Џилет.

Чаплин набргу потоа се зафатил со режирање и монтажа на негови сопствени филмови. Во своите почетоци, снимил и 34 краткометражни филмови за Сенет, меѓу кои и легендарната комедија “Пропаднатата романса на Тили”. Скитникот бил првиот филм пуштен во кинотеките во САД.

Во 1915 година, Чаплин потпишал договор со Студиото Еснеј (1.250 долари неделно и потпишувачки бонус од 10.000 долари), што му овозможил дополнително да еволуира како глумец. Повеќето филмови на Еснеј биле двојно подолги од комедиите на Кистон. Чаплин формирал и своја глумечка екипа со Една Первајенс и антагонистите Лио Вајт и Бад Џејмисон. Со Една Первајенс во тек на 8 години настапиле заедно во 35 филмови а биле и во романтична врска која траела до 1917 година.

Во 1916 година, Чаплин потпишал договор со компанијата “Мјучуал филмс” во износ од 670.000$[9] со што сатанал најплатен глумец на светот. Високиот износ ја шокирал јавноста и бил предмет на печатот. Чаплин имал одврзани раце во целокупната изработка на дванаесетте филма, кои ги направил во период од 11 месеци и кои потоа се вбројуваат како едни од највлијателните во кинематографијата. Меѓу нив се и: Тивка улица, “Еден часот по полноќ”, “Заложницата”, Имигрант и “Авантуристот”. Една Первајенс останала протагонистката на филмската куќа на Чаплин, а подоцна се придружиле и Ерик Кембел, Хенри Баргман и Алберт Остин. Бергман и Остин продолжиле да соработуваат со Чаплин со децении. Чаплин периодот поминат во Мјучуал го сметал за најсреќен во неговата кариера иако во тоа време мислел дека филмовите од неговата режисерска палка стануваат конвенционални, факт што му го припишувал на доста ригорозниот продукциски распоред во тоа време.

Меѓусебните биле трпеливи со намалената стапка нови филмови на Чаплин, а договорот завршил пријателски. Со претходно спомнатата загриженост за намалувањето на квалитетот на неговите филмови поради одредбите на распоредот, главната грижа на Чаплин за изнаоѓање нов дистрибутер била независноста. Сидни Чаплин, тогаш негов бизнис менаџер, се обратил на печатот со следново: “На Чарли [мора] да му биде дозволено целото време што му треба и сите пари за продукција [на филмови] онака како што сака … Тоа што се бара е квалитет, а не квантитет.” Во јуни 1917, Чаплин потпишал за осум филма со Фрст Нејшнал Егзибиторс Сиркуит за 1 милион долари. Одбрал да изгради свое студио, кое се протегало на 5 акри земјиште на Сансет Булевар со квалитетна опрема. Тоа било завршено во 1918, и на Чаплин му била дадена слободата да прави онакви филмови какви што сака.

Кучешки живот, објавен во април 1918 година, бил првиот филм според новиот договор. Во него, Чаплин покажал поголема заложба околу изградбата на приказната и неговиот третман на Скитникот како “тажен кловн”. Филмот бил опишан како „прво кинематографско ремек дело”. Следниот долгометражен филм бил за војната, насловен Пушка на рамо. Соработниците го предупредиле да не прави комедија за војната, но, како што подоцна самиот рекол: “Опасно или не, идејата ми беше возбудлива”. Четири месеци поминал во снимање на 45-минутен филм, кој излегол во октомври 1918 доживувајќи голем успех.

Здравјето на Чаплин по завршувањето на неговиот последен филм “Грофицата од Хонгконг” почнало значително да се влошува. Веќе во 1977 година, тој имал тешкотии во зборувањето и се движел со помош на инвалидска количка. Чаплин починал на Божиќ, во 1977 година, на 88 годишна возраст, во неговиот дом во Корзие сир Веве, во Швајцарија.

Чаплин бил погребан на гробиштата во Корзие сир Веве во Во, Швајцарија. На 1 март 1978 година, неговото тело било украдено од двајца невработени емигранти, Роман Вардас од Полска и Ганчо Ганев од Бугарија, кои сакале да изнудат пари од семејството Чаплин. Но, обидот им пропаднал. Крадците биле фатени, а телото било најдено во близина на Женевското Езеро, единаесет недели по кражбата. Телото потоа било закопано под речиси два метри бетон, со цел се спречат понатамошни обиди за негова кражба.

Од 1960, филмовите на Чаплин биле споредувани со оние на Бастер Китон и Харолд Лојд (значајни филмски комичари од тоа време) од нивните заеднички обожаватели. Тројцата негувале различни стилови: Чаплин бил наклонет кон сентименталноста и “удирал” на емоциите на публиката (патос – нешто што било мошне популарно во дваесеттите години на 20 век), Лојд бил познат по своите интерпретации на обичниот човек и оптимизмот на 20-тите години, а Китон се држел до својот стоицизам и циничен тон, потипичен за денешната публика.

Во поглед на заработката, Чаплин ги направил едни од најпрофитабилните неми филмови. “Златната треска” e петти на листата со заработка од 4,25 милиони американски долари и “Циркус” седми со 3,8$. Меѓутоа, филмовите на Чаплин заедно му донеле заработка од околу 10,5 милиони долари, додека тие на Лојд достигнале вредност од 15,7милиони долари. Лојд беше далеку поплоден режисер, пуштајќи во продажба 12 играни филмови во периодот на 1920-тите, додека Чаплин имал издадено само три. Филмовите на Бастер Китон не биле толку профитабилни како тие на Чаплин и Лојд, дури и на врвот на нивната популарност, единствено здобивајќи се со задоцнетите признанија од критиката во доцните педесетти и шеесетти години на 20 век.

Чаплин и Китон имале високо мислење еден за друг: Китон своевремено напишал во својата автобиографија дека Чаплин бил најдобриот комичар што некогаш е роден, како и најдобриот режисер на комедии, а Чаплин топло го примил Китон во Јунајтед Артистс, советувајќи го да не преминува во МГМ во 1928, што би било катастрофален потег и напишал улога специјално за него, како негов прв партнер на малите екрани, во својот последен филм “Центар на внимание”.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %