Скопје

Фестивал на италијанска храна во Скопје

Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки, музика во живо, дружење и уживање, ќе понуди Фестивалот на италијанска храна што ќе се одржува денеска и утре на плоштадот Македонија во Скопје.

Настанот го организираат Амбасадата на Република Италија и Italian Trade Agency Skopje (ИТА) по повод 6. Недела на италијанската кујна во светот која има за цел промоција на традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот.

Како што најавуваат организаторите, најреномираните италијански ресторани од Скопје, Kaj Џино, Ла Тераца, Венето, Таверна Тоскана, Ботега дел Густо, Ботега дел Вино, Мато Наполетано, Еуролаб и ИТА Бренд, ќе понудат гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони.

Фестивалот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, како и ликовен конкурс за деца. Ќе има и лотарија за сите што ќе купуваат храна и прехранбени производи.

Манифестацијата ќе ја отвори италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри. 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %