Спорт

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ракометарите на Еурофарм Пелистер извлекоа бод (27:27) во синоќешниот неизвесен натпревар со португалскиот претставник во европската ЕХФ-лига, Агуаш Санташ.

Двете екипи во текот на целата средба играа израмнето, а првото „одлепување“ битолчани го имаа во 14 минута кога резултатот на семафорот беше 7:4, но гостите веднаш возвратија и израмнија на 8:8. Полувремето заврши со минимална предност на Еурофарм Пелистер од 14:13.

Во вториот дел публиката очекуваше зголемување на водството и лесна победа, но сликата на теренот беше во полза на гостите кои во 47 минута прв пат поведоа, а во 52 минута имаа и три голови предност (21:24). Сепак на крајот битолчани извлекоа среќно „ракометно реми“ бидејќи Хосни го израмни резултатот на 27:27, а Кизиќ успеа да го одбрани ударот на Силва Гомеш.

Со освоениот бод РК Еурофарм Пелистер ги задржа шансите за пласман во елиминациските натпревари од ЕХФ ракометната лига.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %