Средба Нуредини-Комненовиќ
Министерот за животна средина и просторно планирање оствари работна средба со градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ. Ова е прва средба со новоименуваниот градоначалник, кој го информираше министерот Нуредини дека општината има потреба од реализација на основни инфраструктурни проекти како што се обезбедување на водоводна и канализациска мрежа и пречистителна станица за отпадните води.
Министерот Нуредини изрази подготвеност за поддршка на општината во барање и обезбедување на потребните финансии за реализација на овие инфраструктурни проекти од примарно значење за поквалитетен живот на жителите на општината и за зачувување на животната средина.


















