„Проколнатите” прва премиера на Тетовски Театар во 2021 година
Актерите од Тетовскиот Театар вечерва ја имаат првата премиера за 2021 година со драмата „Проколнатите”. Претставата ќе биде изведена со почеток од 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок” во Тетово.
-Автор на текстот е Олса Пошка, додека режисер е Гент Чајани. Главните улоги ги толкуваат Алтрим Мамути, Блерим Исмани, Ермал Чанга, Бурхан Амити,Музафер Етеми, Беким Јахиу, Сами Мустафа, Јетмир Арифи, Арта Зејнели и Шпреса Хашими, информираат од Тетовски Театар.
Сценографијата и костумите се на Медина Хоџа. Реприза ќе има и утре 16 јули исто така од 20 часот.


















