Екологија

Облаци од чад кај Цементара

До кога треба граѓаните на Скопје да се трујат?
Фејсбук профилот Министерство за безживотна средина викендов објави видео за кое тврди дека е веќе втор случај деновиве од кругот кај Цементара да има густи облаци чад.
„Дали господата од Цементара се нешто лути што граѓаните им се бунат дека не сакаат да се увезува отпад што ќе им служи како гориво со непознато потекло, па горат што им дојде при рака без да вклучат филтри за да провоцираат?“ прашуваат граѓаните.
Дали Министерство за внатрешни работи и Државен инспекторат за животна средина ќе поднесат кривични пријави по службена должност за тешки дела против животната средина и природата? До кога треба граѓаните на Скопје да се трујат од тешка индустрија сред град? се вели во постот.

ВИДЕО

 

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %