Екологија

Неделен извештај за квалитет на амбиентен воздух за период .07.02 – 13.02.2022 година

Во приложениот извештај, дадена е анализа на среднодневните концентрации на PМ10 од Државниот автоматски систем за квалитет на амбиентен воздух.
Од анализата се забележува дека среднодневната гранична вредност за суспендирани честички со големина до 10 микрометри РМ10 (50 микрограми на метар кубен) е надмината на мерните места Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ректорат, Ѓорче Петров, Берово, Битола 1, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово и Велес 2.
Прагот на информирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 микрограми на метар кубен) е надминат на мерното место Кичево.
Прагот на алармирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 150 микрограми на метар кубен) не е надминат на ниту едно мерно место во државата.
Подетални информации можете да најдете на следниот линк: http://air.moepp.gov.mk/

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Next Article:

0 %