Спорт

НБА: Денвер пред елиминација во плејофот

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 3-0 против Денвер во првото коло од плејофот во Западната конференција, откако триумфираа синоќа со 118-113.

Голден Стејт беше предводен од Стивен Кари со 27 поени и шест асистенции, додека кај Денвер најефикасен беше Никола Јокиќ со 37 поени, 18 скокови, пет асистенции и три украдени топки.

Четвртиот натпревар во серијата до четири победи се игра в недела во Денвер, за кого ова беше седми последователен пораз во плејоф натпреварите, а досега ниту една екипа во разигрувањето за титулата не успеала да надомести негатива од 0-3.

Далас, и без повредениот Лука Дончиќ, триумфираше над Јута со 126-118 и поведе во серијата со 2-1, а идентично водство по третиот натпревар има и Мемфис по синоќешната гостинска победа над Минесота со 104-95.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %