Скопје

Конференција на Градежниот факултет во рамки на серијата активности „Скопско асеизмичко лето“

Градежниот факултет при УКИМ денеска ќе организира тематска конференција „4S – Skopje Summer Seismicity Stop“, која е во рамки на серијата активности насловени „Скопско асеизмичко лето“.

Овие активности Градежниот факултет ги реализира во коорганизација со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Архитектонскиот факултет при УКИМ и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), по повод одбележувањето  60 години  од скопскиот земјотрес.

-Преку излагањата на повиканите предавачи од земјата и странство, аудиториумот на конференцијата ќе има можност да се запознае со најновите истражувања, трендови, технологии и достигнувања во областа на изградбата на објекти отпорни на земјотрес, соопшти Градежниот факултет.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Скопје

Next Article:

0 %