Еколошките активисти во Белград остануваат пред Претседателството до воведување трајна забрана за експлоатација на бор и литиум
По синоќешниот протест во центарот на Белград, дел од еколошките активисти останаа пред зградата на Претседателството во своите шатори. Активистите претходно најавија дека ќе „кампираат” додека не се исполнат барањата – трајна забрана за експлоатација на литиум и бор на територијата на цела Србија пред изборите на 3 април, јави Бета.
Останатите учесници на протестот се разотидоа по протестната прошетка низ центарот на Белград.


















