Дејан Петковиќ Рамбо амбасадор на ФК Работнички и НФТ К-клуб
ФК Работнички ќе биде првиот професионален фудбалски клуб во светот кој ќе чекори и во светот на НФТ. Со ова клубот ја отвори ширум портата кон дигиталната сфера. Светски познато име е амбасадор и поддржувач на овој проект.
– Голема чест за ФК Работнички е да објави дека амбасадор на клубот, како и на НФТ К-клуб, ќе биде Дејан Петковиќ Рамбо, прославениот српски фудбалер кој буквално е славен како фудбалско божество во Бразил.
Работнички гордо стои како предводник на револуционерните промени во фудбалскиот свет, како и во НФТ просторот!
Со помош на ФК Работнички, а овозможено со НФТ технологијата, реалните фудбалски операции ќе бидат достапни за привилeгираните членови на дигиталната заедница, стои во клупското соопштение од Работнички.


















