Спорт

Деветтото коло од Првата женска фудбалска лига се игра утре и во сабота

Деветтото коло од Првата женска фудбалска лига се одигрува утре и во сабота.

Единствениот натпревар утре е помеѓу Љуботен и АСС Унитед, каде што правдата ќе ја делат Кирил Смоквоски, Слаѓан Марковски и Зоран Костоски.

Во недела ЖФК Скопје 2014 ќе ги пречека Атлетико од Битола а во центарот ќе биде Ирена Велевачкоска и асистентите Славица Стошиќ и Татјана Ивановска.

Деспина од Прилеп е домаќин на фудбалерките на Топ Гол, додека, судии на натпреварот се Јордан Јовановски, Кирил Манчев и Коце Милчев.

Во Куманово, Речица се соочува со Борец, каде што правдата ќе ја дели Ангела Рајчевска, заедно со Елена Соклеска Илиевски и Тамара Цветановиќ.

Тиверија во Струмица ќе ги пречека Истатов од Дојран а во центарот ќе биде Марија Конеска заедно со Марјан Смилкоски и Снежана Илиевска.

Во Каменица, САСА ќе се сретне со Шкендија од Тетово каде што судии ќе бидат Ангел Гелов, Славче Шоповски и Александар Димитријов.

На табелата од Првата женска фудбалска лига првото место го делат Тиверија и Скопје со по 18 бода, со еден бод помалку е Љуботен а зад него АСС Унитед.

Можеби ќе ви се допадне

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More in:Спорт

Next Article:

0 %